ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Ова е земја каде на сила владее хунта со политички прогон, со затвори и со физичко насилство

Ова е земја каде на сила владее хунта со политички прогон, со затвори и со физичко насилство

Во Македонија нема демократија. Ова е земја каде на сила владее хунта со политички прогон, со затвори и со физичко насилство. Сето тоа само да се спречи опозициското мислење и делување. Тепањето на Миле Јанакиески и Спиро Ристовски е акт на деспотизам кој што не смее да остане неказнет. Чинот што било дозволено тепање на притвореници е тежок срам за држава на европско тло.

Секој што има барем малку здраворазумие во себе знае дека со оставката на директорот на Истражниот затвор не смее да се забошоти случајот со тепањето на поранешните министри Јанакиески и Ристовски.

Оставката на Ѓоко Котевски не смее да биде замена за истрага за случајот, не смее да биде забошотување за да се дојде до вистината кој стои зад овој грозоморен чин. Кои се организаторите, кои се нарачателите? Одговори на овие прашања не смеат да бидат заборавени или да потонат во сенката на оставката на Котевски. Одговорност за физичките напади врз Јанакиески и Ристовски мора да понесат и Зоран Заев и Рената Десковска.

Срамно е однесувањето на власта. Срамно е однесувањето на СДСМ. Јасно е дека не само што не е спречено тепањето врз двајца кои што се жртви на политички прогон, туку истите се обидуваат и да ја манипулираат јавноста, дека тепањето, нападот не се случил  или како што велат дека било незначителено, што тоа и да значи. Ништо од реакцијата на власта од реакцијата на СДСМ нема демократски, нема ни Д од демократија, нема ни буква човечност, нема ништо од почитување на човекови права. Зар во заминувањето на оваа власт треба да очекуваме јавни ликвидации, линч на неистомисленици?

Македонија е заробеник на систем во кој што Зоран Заев и неговата криминална банда си дозволуваат притворање на политички неистомисленици за потоа да бидат изложени врз тепање и насилство. Без одговорност од врвот до раководителите на службата за обезбедување во затворот, нема да биде решен проблемот.

Состојбата е пресериозна, заевизмот е отфрлен од граѓаните, отфрлен од народот, Заев и неговата криминална банда ја испишуваат најнасилната, најдеспотската страница од историјата на Република Македонија.

Тепаат и линчуваат луѓе по затвори. Граѓаните ги прочитаа очајните обиди на криминалната насилничка банда која што прави се за да остане на власт. Ова не се заборава, и одговорните ќе бидат казнети.