Ова е најцрното владеење на најцрната Влада во историјата на Република Македонија
1 мин читањеОвде сме денеска со Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ да симболично го одбележиме најцрното владеење на најцрната Влада во историјата на Република Македонија.
Во таа смисла со црни панделки ќе ја закачиме оградата на Владата, онаа ограда која што требаше да стане нели ограда, а клупи односно од неа да направи. Меѓутоа се уште егзистира заради најверојатно безбедноста на Владата, бидејќи свесни се дека досега го испорачуваат најцрното владеење во историјата на Република Македонија.
Црна дупка во културата. Црна дупка во економијата. Црна погубна политика надворешна. Црно распродавање на нашите државни интереси. И едноставно решивме дека црнилата кои припаѓаат треба да ги означиме за да продолжат да ги носат со нив и да знаат дека ништо досега што направиле не носи светлина туку носат само од црно поцрно.