ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Овие “бели“ лаги родителите најчесто им ги кажуваат на децата

Според едно истражување во Англија е утврдено дека родителите на нивните деца им кажуваат 3000 „бели“ лаги во текот на нивното детство.

Еве 8 „бели“ лаги за кои нема дете што не ги слушнало од неговите родители.

1. Дедо Мраз постои, но тој ќе дојде само ако бидеш умен.

2. Кога ќе те боцнат со инјекцијата нема да те боли.

3. Мама и тато сакаат малку да се одморат.

4. Ако ми ја кажеш вистината, нема да те казнам.

5. Ако јадеш спанаќ, ќе бидеш силен како Попај.

6. Ако продолжиш да правиш гримаси, лицето ќе ти остане такво.

7. Штркот те донесе.

8. Ако лажеш, ќе ти порасне носот како на Пинокио.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0