Новинарка била избркана од парламентот бидејќи нејзината маица откривала премногу- „се соблекоа“ и колешките во знак на поддршка
1 мин читањеНовинарката Патриша Карвелс била информирана дека мора да го напушти австралискиот парламент поради тоа што се појавила со маица по кратки ракави која покажувала премногу гола кожа.
Оваа информација ја објави новинарката на својот Твитер профил споделувајќи фотографија од спорната маица.
Таа за ABC вели дека обезбедувањето дошло до неа со наредба дека мора да ги покрие рамената и да облече сако, а откако таа се спротиставила на тоа и било речено да го напушти парламентот.
Корисниците на социјалните мрежи и дадоа целосна поддршка пишувајќи дека нејзината маица е во склад со професионалниот дрес код во нивната земја каде што сега е лето.
По ова се огласи и претседателот на парламентот кој рече дека новинарката не требало да биде избркана, а во меѓувреме други колешки во знак на поддршка се фотографираа и известуваа од парламентот во слични маици.