ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Одберете го својот омилен ангел за да ја добиете пораката за вашата душа

Значењето на зборот „Ангел“ е гласник: комуникацијата и водството се нивната специјалност. Пораките на вашите ангели секогаш се ваше добро, ве насочуваат кон вашите соништа, вашите цели, среќа, радост и мир. Одберете еден од четирите ангели на сликата и дознајте ја пораката и советот наменети за вашата душа!

1.Сакајте се себеси

Љубовта кон самите себе е темелот на вашиот живот. Кога навистина се сакате себеси, си простувате и се прифаќате, можете да споделувате енергија со другите. Можеме да го дадеме само она што го имаме. Кога безусловно се сакате себеси, тоа природно им го давате на другите, создавајќи здрави односи. Сета љубов доаѓа одвнатре, а исто така и омразата. Омразата кон себеси, дури и во минимални облици, ја праќа таа енергија во светот и тој одговара на тоа, затоа што енергијата привлекува слична енергија. Ако се сакате себеси, го сакате целиот свет!

2.Правете го она што ви носи радост

Радоста е чиста енергија која е во хармонија со љубовта. Кога ги правите работите кои ви носат радост, вие ја споделувате таа енергија со другите. Кога ги минувате вашите денови во стрес и лутина, таа енергија ве исцрпува и влијае на сите аспекти од вашиот живот! Ако делувате по овој совет, вашиот живот, но и животот на луѓето околу вас ќе се промени на подобро.

3.Престанете да се споредувате

Кога се споредуваме себеси или нашите животи со другите, ја намалуваме нашата енергија. Споредувањето прави лажно да се чувствуваме подобро или полошо, во ниту еден случај нема победа за никого. Треба да се фокусирате на себеси, затоа што вие сте единствената личност која можете да ја промените. Дозволете им на другите да ве инспирираат, да веруваат во вашиот потенцијал, а чувството на љубомора или осудување е јасен знак за деструктивна енергија.

4.Најдете мир и спокој

Светскиот мир почнува од секој човек поединечно. Има различни начини како да го постигнете тоа: медитација, креативно изразување, пишување, читање, вежање, правилна исхрана, итн. Ако пронајдете мир, вие ќе го промените и разубавите својот живот.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0