Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ
1 мин читањеПрашање: Господине Мицкоски досега не сме виделе претставници од вашата партија во настаните кои се одржале во рамките на Стопанската комора на Севернозападна Македонија да учествуваат во тие настани. Дали тоа што вие сте денеска тука значи дека го менувате вашиот пристап во однос на албанскиот бизнис и ќе покажувате поддршка?
Одговор: Бизнисот не треба да има етнички, ниту било каков друг предзнак, бизнисот е бизнис и еднаков за сите граѓани во Република Македонија. Секаде онаму каде што ќе бидам поканет без разлика на нацијата на инвеститорот, без разлика каде ќе биде инвестицијата географски во Република Македонија мене ќе ми биде чест и задоволство да присуствувам како претседател на најголемата опозициона партија, а утре премиер на оваа држава се разбира, и ќе ми биде чест и задоволство колку е во моја моќ да допринесам, да додадам и да ги стимулирам сите оние бизнисмени кои што ќе одлучат да инвестираат во Република Македонија. Повторно ќе повторам без разлика на етничкиот предзнак.
Прашање: Господине Мицкоски ако може еден краток коментар за денешниот скандал кој што беше објавен за прислушувањето во Основното Јавно Обвинителство преку фиксните телефони?
Одговор: Да, денеска јавноста во Република Македонија е сведок на повторно едно скандалозно однесување на луѓе или структури блиски до СДСМ. Од она кратко брифирање кое што успеаја моите соработници да не брифираат и од она што успеав да го прочитам, а лиферувано во медиумите повторно ќе се оградам, не можам се уште да се повикам на веродостојноста на таа информација. Но очигледно бидејќи јавниот Обвинител дава таква изјава претпоставувам и самиот е подготвен да сведочи за веродостојноста на таква изјава. Станува збора за едно скандалозно однесување на МВР, некаде таму на почетокот на септември месеци во 2016 година. Ќе повторам тогаш технички министер е господинот Оливер Спасовски па се до ден денешен. Исто така ја прочитав онаа помалку смешна изјава од страна на владиниот портпарол каде што повторно некој друг му е виновен, а не ја бара вината во сопствените редови. Однесувањето на СДСМ изминатите година и половина ни е јасно, кога немаат факти и аргументи кога не знаат како да ги решаваат проблемите тогаш секогаш се навраќаат назад во минатото и бараат виновник во некој кој претходно бил. Но за жал овдека виновникот треба да го бараат во сопствените редови бидејќи како што прочитав првите разговори се снимени некаде на почетокот на септември месец а снимањето траело до ден денешен, а министер за внатрешни работи во министерството за внатрешни работи е господинот Оливер Спасовски. Најмалку што може да направи по серијата на катастрофални грешки во овие година и половина во серијата неразјаснети криминални активности во република Македонија е господинот Оливер Спасовски да си поднесе веднаш неотповиклива оставка
Прашање: Господине Мицкоски само ако може едно појаснување. Рековте дека подготвувате економска програма за предвремените парламентарни избори. На што конкретно мислевте?
Одговор: Не реков така, можеби не доволно јасно се изразив,но еве ќе се обидам да повторам. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што иновира во сопствените политики се разбира новото раководство се зафати со една амбициозна агенда да изготви политичка програма која што ќе опфати низа области што ќе значат и понудат решенија од најголемиот дел од реалните проблеми на граѓаните во Република Македонија. Тоа е програма која што ја ажурира претходната програма се разбира додава нова вредност нуди нови проекти нови политики и таа програма ја изработува тим составен од луѓе кои што се од раководството на ВМРО-ДПМНЕ но во соработка со експерти од научната фела од бизнис заедницата но и луѓе кои што се надвор од Република Македонија. Таа е во завршна, работна верзија дел од проектите почнавме да ги промовираме, дел промоција ќе има во периодот кој што следува, се разбира во зависност од тоа кога парламентарното мнозинство ќе одлучи дали ќе имаме предвремени или редовни парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ во целост таа програма ќе им ај презентира на граѓаните во Република Македонија
Прашање: Господине Мицкоски уште започнува седницата за уставните измени. Како ќе настапи ВМРО-ДПМНЕ, дали можеби ќе поднесете амандмани?
Одговор: Денеска имавме состанок односно координација со пратеничката група стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е позната во неколку наврати во минатото повторена. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ околу оваа процедура го знаете не треба да го повторувам, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изложи своите аргументи во рамките на таа парламентарна дебата, ќе ги искористиме сите институционални и демократски алатки кои што ни стојат на располагање за да можеме да ги аргументираме нашите позиции и сето она кое што мислиме дека е погрешно да им го претставиме на граѓаните на Република Македонија.
Прашање: Денеска претседателот на Собранието навести дека на крајот на јануари и почетокот на февруари ќе распише и претседателски избори. Дали ВМРО има свој кандидат, кого ќе поддржите и дали тоа ќе биде кандидат или кандидатка?
Одговор: На последната седница на Извршниот комитет на партијата која што се одржа пред некој ден, задолживме структура од партијата да изготви гантограм на активности кои што практично ќе го следат овој процес, бидејќи немавме јасна изјава во тој момент од страна на надлежните институции во државата кога како, датум по датум практично планираат да се одвива овој циклус на претседателски избори. Еве сега е појасна ситуацијата, така што многу скоро веќе на некоја од следните седници на Извршниот комитет и гантограмот ќе биде изработен, така што јавноста ја повикуваме да ги следи, активностите на ВМРО-ДПМНЕ и навремено ќе биде информирана околу можните кандидати, можните предлози, можните кандидатки и така натаму. ВМРО-ДПМНЕ се обидува да биде колку што е можно повеќе транспарентна, да даде одговори на сите прашања на јавноста имам чувство како да повеќе имаме новинарски екипи пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ кога имаме седница на Извршниот или Централниот комитет отколку во Владата кога имаме седница. Но тоа на нас ни претставува еден комплимент, ние секогаш и во минатото, така еве и во иднината ќе се трудиме што е можно по транспарентно, да пред јавноста на Република Македонија ги кажуваме нашите ставови и политики.