ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Одговори на новинарски прашања

1 мин читање

Прашање: Господине Јанушев дали го поддржувате најавениот протест, најавен за 18-ти месецов кои се организира од страна на повеќе граѓански здруженија, институции со цел поништување на уставните измени?Ваш став?

Одговор: ВМРО-ДПМНЕ во целиот овој период јасно кажува и ниту еднаш не рефирираше од ставот дека сме против договорот и против уставните измени. Се што се организира, а е во насока каде што се изразува незадоволството и се што оди во насока на против односно на Уставот, против договорот којшто Заев и Димитров го потпишаа со Грција, значи тоа е всушност истата односно истата наша цел којшто целиот овој период со месеци наназад го имаме. Нормално демократско право е на секој да излезе  и да го искаже своето незадоволство, својот револт од оваа неспособна власт. ВМРО-ДПМНЕ не се јавува како организатор на ова, меѓутоа нормално дека се што е во насока на демократско изразување на волјата на граѓаните, особено во овој дел каде што ВМРО-ДПМНЕ  пред се предничи и ја води оваа битка против промената на Уставот, нормално дека сме на истата страна.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0