ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Одговор на новинарско прашање на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање, новинар: Во медиумите се појави снимка од седница на Град Скопје, под претпоставка дека истата е автентична. Дали имате коментар на истата.

Одговор: Тоа е Петре Шилегов. Вчера јавноста беше сведок на скандалозно однесување на Петре Шилегов каде што упатува навреди на советничка, на жена која што го искритикувала за справувањето со кучињата бездомници и тоа е за секаква осуда и ние го осудуваме таквото однесување на Петре Шилегов.

Тој во најмала рака треба да се извини и на советничката и на Советот меѓутоа и на целата јавност која што го виде за жал тој клип. И можам само да порачам  дека фрустрациите и комплексите не се лекуваат на овој начин како што тоа го прави Петре Шилегов, туку треба да најде друг начин и да заборави на заканите навредите и омаловажувања  кои што ги упатува кон советниците на Град Скопје, особено кон една жена која што е и советничка.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0