Одговор на новинарско прашање
1 мин читањеПрашање: Може ли еден коментар, околу жалбата на Јанакиески и Божиновски, каква очекувате да биде одлуката на Апелација?
Одговор: Како што и неколку пати досега на овие прес конференции од ВМРО-ДПМНЕ имаме посочувано, одлуката за притвор на Јанакиески и Божиновски е одлука на политички реваншизам и притисок врз опозицијата и неистомислениците. Самите видовме дека решението за притвор се темели на фиктивна службена белешка, чија содржина е демантирана и од страна на претседателот Иванов, од каде што нели потекнува белешката како што е наведено.. Овој случај е уште еден доказ дека е дерогирана правната држава и дека принципот владеење на правото не се применува во праксата, туку дека институциите се злоупотребуваат. И како што веќе имаме истакнато од ВМРО-ДПМНЕ, според нас нема никаква причина за луѓе кои уредно се пријавуваат на судот и ги почитуваат одлуките за претпазливост претходно донесени од судот, да бидат во притвор, во исто време не постои ниту една причина и аргумент за определување на притвор покрај наведеното. Сето ова можеше да се види во јавноста на вчерашната јавна седница на Апелацискиот суд. И очекуваме судиите да се одважат и да бидат на висината на задачата. Тие треба да одлучат помеѓу фактите изнесени од највисокиот државен орган, Претседателот на Република Македонија од една страна и фингирана службена белешка од УБК која се повикува на анонимен извор, од друга страна. Доколку има право и правдина повеќе од јасно е каква треба да биде одлуката на судот. И таа одлука очекуваме да биде исклучиво донесена врз база на факти, односно да се донесе одлука која што ќе значи укинување на неправедно изречениот притвор за Јанакиески и за Божиновски.
Прашање: Како ја коментирате средбата на Заев со Јанчев и Тодоров?
Одговор: За таа средба прочитав вчера во медиумите, мислам дека одговор на ова прашање за тоа што била средбата како била средбата и извесен коментар за таа средба треба да побарате првенствено во власта кај премиерот можеби кај неговиот брат или тие кои што присуствувале на таа вечера, кои што се наведени во медиумите. Коментар за сега немам, бидејќи ги немаме ни фактите, ни потврда.
Прашање: Како ги коментирате очекувањата на премиерот дека може да добие дополнителен број на пратеници кои што ќе гласаат за уставни измени?
Одговор: И повторно ќе ве упатам таму, ВМРО-ДПМНЕ се базира на она шт и досега го има кажано, за нас според сите партиски документи и се она што извира како став на ВМРО-ДПМНЕ е дека овој договор од кој што произлегуваат уставните измени е неправилен, капитулантски, црн за Република Македонија и воопшто донесување на уставни измени според ваков капитулантски договор се неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ особено заради оној изричит став дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи Устав со цел промена на уставното име.
Прашање: Околу одземањето на имунитет на Никола Груевски, кој е вашиот став, бидејќи не сте присуствувале на таа седница?
Одговор: тоа што е важно за мандатот на Никола Груевски е што актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија, поранеше премиер, од редовите на опозицијата добива политички азил во земја членка на ЕУ. Тука повеќе не станува збор дали Собранието ќе го одземе мандатот, станува збор за каква власт се работи, за какво мнозинство се работи, за какво црно сценарио функционира и се одвива во Република Македонија кога актуелен пратеник од опозицијата во републичкото собрание добива политички азил од земја членка на НАТО и на ЕУ. Мислам дека поголем одговор од ова не е потребен затоа што се она што значеше околу прашањето со Никола Груевски, судството и политичкиот прогон го имаме неколку пати спомнато, сметам дека ова ќе биде доволно за сега.