Одлична вест на крајот од годината: Собрани се парите за операцијата на Нина, со вашата хуманост се исполнува нејзината желба
1 мин читањеЗа крајот на годината да ни биде со полно срце. Успеавме да бидеме Дедо Мраз за Нина.
-Благодарност до сите хумани луѓе со големи срца кои донираа и беа секогаш тука кога треба. Благодарност до сите кои споделуваа апели за помош, до сите кои се активираа и помагаа на било каков начин…
Овој пат успеавме сите заедно и за малата Нина се собраа и тие 5% кои недостигаа. Потребната сума за операцијата, за Нина да може да застане на нозе сега е собрана, се наведува во известувањето кое беше објавено на социјалните мрежи.
Нина во новата година ќе може да замине на потребната операција во САД, каде по операцијата ќе може да застане на нозе и да си игра заедно до нејзините другарчиња. Дедо Мраз ја исполни желбата на малата Нина да се соберат потребните средства за да може да замине на операцијата.
Нина често прашуваше “мамо кога ќе одиме”? Вашата донација беше желба за ова мало сонце и можност да оди на операцијата која сите заедно и ја исполнивме.
Броевите за донација ќе останат уште малку отворени, бидејќи по операцијата ја очекува пост оперативен период за кој исто се потребни парични средства.
Доколку сакате и имате можност завртете уште еднаш.
Семејството на Нина Ви е крајно благодарно на несебичната поддршка, вашето големо срце и хуманост
Овој пат годината ja завршуваме со убави вести.