ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Одложувањето и пролонгирањето на предвремени избори од страна на СДСМ е уште еден доказ дека партијата се плаши од соочување со граѓаните

Одложувањето и пролонгирањето на предвремени избори од страна на СДСМ е уште еден доказ дека партијата се плаши од соочување со граѓаните

1 мин читање

Одложувањето и пролонгирањето на роковите за донесување на одлука за предвремени парламентарни избори од петок во недела од страна на СДСМ е уште еден доказ дека партијата се плаши од соочување со граѓаните, ова денеска преку соопштение го потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта знае дека граѓаните не ги подржуваат нивните антидржавни политики кои ја клекнаа земјата на колена и придонесоа за разорување на економијата и затоа се крие и одолговлекува. Економијата, образованието, здравството, земјоделието, системот на социјална заштита и безбедноста се на колена. Со СДСМ на власт не е можен напредок на ниту едно поле и токму затоа СДСМ мора да си замине. Не постои ниту една причина за неодржување на предвремени парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека и покрај постоењето на техничка влада ќе ги поддржи сите реформски закони и нема да дозволи застој на реформите потребни за напредок на државата кон ЕУ. Државата нема и несмее да трпи. Доколку СДСМ остане на власт државата ќе продолжи да тоне, даноците ќе се покачуваат како сега, пензиите ќе се намалуваат, а граѓаните во целост ќе бидат се посиромашни, истакнуваат од партијата.

Од партијата додаваат дека СДСМ нема капацитет да ја води државата. Две години Република Македонија само тапка во место. Затоа е неопходно распишување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. СДСМ мора да си замине. Државата мора да тргне напред.