ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Од петок драстична промена на времето: Следуваат ветер, дожд и снег

Од петок драстична промена на времето: Следуваат ветер, дожд и снег

Локални врнежи од дожд во петок и значително намалување на температурите за 10 до 15 степени целзиусови од викендот, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во петок во текот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, попладне и во текот на ноќта со локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Поради спуштање на студена воздушна маса од север, врнежите во сабота ќе преминат во снег и на некои пониски места.

За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен североисточен ветер особено во петок во текот на ноќта и во сабота кога на места ќе достигнува до 80 км/час.

Температурата значително ќе опадне за 10 до 15 степени.