ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Од што боледува секој хороскопски знак?

Освен што хороскопскиот знак ви го одредува карактерот, согласувањето со околината, тој делува и на изборот на занимање и партнер, но може и да ви укаже на слабостите и предностите кога вашето здравје е во прашање.

Овен

Овните најчесто страдаат од главоболка, мигрена, несоница, а им се случува и да паднат во несвест. Припадниците на овој знак најлесно ќе се разболат ако нивниот живот е проткаен со монотонија, потоа со егзистенцијални проблеми и константно планирање на иднината, што неминовно лошо се одразува на нивниот нервен систем. Меѓутоа Овните се многу силни, па повеќето заболувања ќе ги поминат на нозе, не сфаќајќи дека со тоа си прават мечкина услуга. За да еден ден немаат проблем со хроничните заболувања им се советува да реагираат штом забележат и најмали знаци на исцрпеност, умор, болки или други проблеми.

Бик

Биковите често имаат проблем со дишните патишта, па страдаат од асма, бронхитис, чести воспаленија на грлото, а поради хедонистичкиот начин на живот склони се кон кардиоваскуларни заболувања, чир и слично. Колку се заљубени сами во себе толку го сакаат и животот, па затоа им е тешко да се придржуваат кон било каков режим на исхрана, вежби или терапија, што може да им донесе проблеми на здравствен план. Не поднесуваат да бидат болни и да лежат во кревет и често негираат дека имаат некој здравствен проблем. Падот на имунитетот кој е предизвикан со големи напори и стрес се честа причина за заболувања кај овој знак.

Близнаци

Знакот Близнаци најчесто има проблеми со горниот дел од телото, коскениот систем на рамењата, рацете и со заболувања на нервниот систем. Често ги мачи упорна кашлица, асма, фрактура на коски или некое психичко заболување. „Ги убива“ самотијата, несфатеноста, лимитираноста на средината во која се наоѓаат, што често пати создава притисок кој подоцна се одразува и на нивната здравствена слика. Близнаците спаѓаат во тешки пациенти затоа што мислат дека можат да оздрават веднаш по земањето на таблетата, ги занемаруваат симптомите на болеста, им се случува да заборават да земат терапија во определениот временски период, или пак да ја прекинат кога тие сметаат дека доволно заздравиле.

Рак

Што се однесува до Раковите нив ги мачи дигестивниот тракт, а може да имаат и проблеми со видот. Лошото варење, чир и предиспозиција за труење со храна се нивните главни маки кога е здравјето во прашање. Спаѓаат во редот на многу емотивни луѓе што често негативно се одразува на нивното здравје, а нервозата ја држат потисната во себе, па наместо нив се нервира нивниот желудник. Класичната медицина нема многу да им помогне ако не се опкружени со луѓе што ги сакаат и кои се грижат за нив. Умеат по малку да се однесуваат како хипохондрици, па штом кивнат трчаат на лекар, за кој ќе се испостави дека е нивни семеен лекар барем две генерации наназад.

Лав

Болките што ги мачат Лавовите се поврзани со ‘рбетот, видот, но и со крдиоваскуларниот систем, па најчесто се жалат на проблеми со очите и болки во ‘рбетот. Припадниците на овој знак се навикнати многу да работат и да се трошат, па немаат многу време да се грижат за себе и за своето здравје што може скапо д аги чини ако подолго време ги запоставуваат симптомите. Освен тоа, одењето на лекар за нив преставува знак на слабост, па мораат да ги надминат прво проблемите на суетата, освен оние со пренатрупаниот работен распоред. Губењето на работата, член на семејството или некој друг стрес кој делува на нивното его може да доведе до заболување кај инаку гордите Лавови.

Девица

Педантните Девици ги мачат проблеми со дигестивните органи и абдоменот, па најчесто страдаат од грчеви, запек, како и заболувања поврзани со црниот дроб и жолчката, а можат да се јави и камен во бубрег и во жолчка. Меѓутоа она што ги издвојува од другите знаци е тоа што се редовни кога се во прашање контролните прегледи, а на најмал сигнал дека нешто во нивниот организам не функционира како што треба одат на лекар по совет. Тие се примерни пациенти и доследно го следат упатството на лекарот, а често и самите повеќе се информираат за својата болест како преку консултации со лекарите така и преку литература. Подложни се на болести тогаш кога се чувствуваат бескорисно и неефикасно.

Вага

Вагите би морале да обрнат повеќе внимание на долниот дел од ‘рбетот, хормонскиот статус на целиот организам како и уринарниот тракт, а болестите кои најчесто се поврзани со припадниците на овој знак се лумбаго, цистит, проблеми со бубрезите и грчеви. Бидејќи тежнеат кон хармонија и не поднесуваат конфликти, многу нешта кријат во себе, што како последица има развој на психосоматски заболувања, па нивното лечење обично вклучува како помош од конвенционалната медицина така и совети од психолог или психотерапевт. Мана им е тоа што совет од лекар ќе послушаат само доколку таа личност им е симпатична и пријатна. Недостатокот на љубов понекогаш е главната причина за развој на болеста, бидејќи живеат за да сакаат и за да бидат сакани.

Скорпија

Скорпиите на прв поглед имаат силен имун систем, но всушност се подложни на заболувања на гениталниот и уринарниот тракт, а често ги мачи и варењето. Скорпиите се ноќна мора за лекарите, бидејќи како што се таинствени кон другите такви се и кога ќе отидат на лекар, често не ги објаснуваат сите симптоми. Меѓутоа имаат цврста воља што им помага да истраат кога оздравувањето е во прашање, па не се откажуваат додека не се почувствуваат потполно здрави. Нивното здравје и имуниот систем се загрозени кога ќе се соочат со некој голема загуба, или кога во нивниот живот нема мистерии и возбуда.

Стрелец

Припадниците на овој огнен знак, особено женските припаднички, често ги мачи борба со упорен целулит на колковите и задникот, а кога се во прашање сериозни заболувања склони се кон кршење коски и други повреди. Кога се болни главно се ослонуваат на својот вроден оптимизам дека наскоро ќе им биде подобро и ќе го пребродат заболувањето. Добро соработуваат со лекарите и ги слушаат нивните совети, па поради тоа им се советува внимателно да го одберат лекарот затоа што понекогаш премногу му веруваат. Кога ќе им се срушат идеалите, кога ќе доживеат да бидат издадени или измамени од блиска личност поподложни се на заболувања.

Јарец

Артритис, реума, честа појава на кариес, разни кожни заболувања како екцем е она што на здравствен план им задава најмногу грижи на Јарците. Сепак, ретко се болни, а и кога тоа ќе се случи не се жалат, туку тоа стоечки го поднесуваат. Бидејќи не сакаат да зависат од никого и од ништо, ќе се трудат својата терапија што побргу да ја завршат и како пациенти се послушни, но само затоа што сакаат што побргу да му се вратат на вообичаениот живот. Сакаат да чујат реална прогноза која им се соопштува со трезвен тон, бидејќи и самите сакаат да остават таков впечаток, иако во суштина се многу осетливи.

Водолија

Водолиите имаат проблеми поврзани со циркулацијата или мускулното ткиво, ги мачат спортски повреди како и проширени вени. Тие се љубопитни пациенти, па сакаат подробно да им се објасни зошто се разболеле и на кој начин можат да оздрават. Доследно се придржуваат до терапијата, а единствен проблем е што забораваат да отидат на контрола, па често се случува болеста да се врати. Губењето независност, неизвесната ситуација на работа, љубовното разочарување, спаѓаат во стресови кои Водолиите многу често ќе ги осетат преку својот имунолошки систем.

Риби

Бактериските и вирусните инфекции се редовна појава за Рибите кои од сите знакови имаат можеби најосетлив имунолошки систем. Умеат да се занемарат како себе си така и своето здравје, што ги прави идеални пациенти, а бараат големо внимание од оние околу нив од кои и очекуваат нега. Нивните болести често се огледало на нивната несигурност и стравови што ги мачат. Рибите се склони да земаат и повеќе лекови отколку што им е потребно, па треба да обрнат внимание да ја испијат само онаа терапија која им ја препорачал лекарот. Имаат осетлива природа, а било какви ограничувања можат да доведат до појава на психосоматски заболувања.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0