ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Омилена торта на принцот Вилијам и кралицата Елизабета: Пробајте го и вие ова вкусно парче

1 мин читање

Чоколадната торта има многу малку состојки и не се пече, што ја прави одличен избор за оние кои не се снаоѓаат најдобро во кујната.

Оваа едноставна но „бомба“ торта е омилен десерт на принцот Вилијам и неговата баба, кралицата Елизабета.

Британската кралица,открива кралскиот „шеф“ и бивш личен готвач на Елизабета II, Дарен МекГрејди, го обожува овој десерт, а тоа е воедно и најмил колач на нејзиниот внук, принцот Вилијам.

Потребни состојки:

120 г путер
120 г шеќер
120 г црно чоколадо
1 јајце
220 г. бисквити

Глазура; 240 г чоколадо

Подготовка: калапот за торта со обем од 20. сантиметри намачкајте го со путер. Бисквитите рачно искршете ги да бидат со големина на бадем, отприлика.
Во поголем сад путерот изматете го заедно со шеќерот додека не добиете еднолична пенеста смеса. На пареа истопете 120 г. чоколадо и додајте во смесата со путер, со постојано мешање. Потоа додајте 1 јајце и се’ заедно изматете, убаво да се поврзе.Во чоколадната смеса додајте ги парчињата бисквити, измешајте и префрлете во калапот. Израмнете и префрлете, барем на три часа, во фрижидер.

Во меѓувреме истопете го чоколадото за глазура и намачкајте на превртениот колач. Тортата оставете ја на собна температура додека глазурата не се излади и стегне.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0