Основци протестираат против загадувањето во Тетово
Со самоиницијативно собирање и мирен протест пред зградата на локалната самоуправа во Тетово помали групи ученици од деветтите одделенија од основните училишта Лирија, Братство Миѓени и Андреа Савески Кикиш го изразија, како што рекоа некои од нив, незадоволство од загадувањето на воздухот и непреземањето мерки за подобрување на состојбите од страна на општината.
– Иако Тетово постојано е со зголемено загадување на воздухот општината не презема ништо за намалувањето на загадувањето. Од друга страна ваквото ниво на загаден воздух ни пречи и е причинител за болести и проблеми и кај учениците но и кај сите жители на градот, рекоа дел од учесниците во денешниот протест.
Денешниот протест на дел од основците се одвиваше на градскиот плоштад како и пред општинската зграда но при тоа учениците не го блокираа сообраќајот туку стоеја на тротоарот од спроти зградата. По кусо време тие се разотидоа но најавија дека во четврток со почеток во 8 часот повторно ќе протестираат од истите причини и оти тогаш очекуваат да им се придружат и нивните соученици од сите класови од утринската смена. Според официјалните податоци за загадувањето на воздугот со ПМ 10 Честици овие денови во Тетово тоа се движи околу и под 50 микрограми н метар кубен воздух.