Откако се смени власта, веќе две години владата ни денар нема дадено за студентските домови
Се наоѓаме пред СД Стив Наумов, место на кое според СДСМ уште пред
година ипол требаше да почне со градба студентски град. Наместо тоа,
ситуацијата во домот е полоша од кога било.
Овие слики се сликани во текот на вчерашниот ден, од кои се гледа
нешто што треба да биде тоалет. Ова не е тоалет, ова е руина.
Почитувани
родители, во вакви тоалети одат вашите деца кои живеат во Стив Наумов.
Откако е сменета власта, веќе две години, владата нема одвоено ни денар за СД Стив Наумов, а ниту за другите студентски домови.
Проблемот со руинираните тоалети, е само капак на проблемите кои се таложат две години. Имено студентите во текот на зимата овде немаа топла вода во купатилата, додека храната веќе со месецот е слаба и не ја задоволува калоричната вредност која треба да ја внесува еден млад човек.
Ова се слики од храната, сликана од студенти, а објавени на медиумите, од кои се гледа отпушоци и инсекти во истата.
Ова не е страшно. Ова е алармантно.
Власта две години со прст нема мрднато за младите.
Пред иста ваква табла, Стефан Богоев и Дарко Каевски пред две години промовираа како ќе изгледа студентски град, и ги најавуваа инвестициите на студентските домови. Две години потоа, Богоев е градоначалник, а Каевски директор, додека од студентскиот град нема ништо, не е ниту на повидок.
Заев ги излажа и злоупотреби младите. Време е за одговорност. Време
повеќе нема. Младите сакаат иднина.