ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Спорт > Пандев со специјални копачки ќе игра на јубилејниот меч против Летонија

Пандев со специјални копачки ќе игра на јубилејниот меч против Летонија

Утре Македонија ќе ги почне квалификациите за Европското првенство 2020, противник е Летонија. Овој меч е посебен за Горан Пандев бидејќи тоа ќе биде неговиот 100. во репрезентативниот дрес.

Пандев на инстаграм ги објави копачките со кои ќе игра, а тие се специјални за овој меч. На нив го има знамето на Македонија под кое е бројката 100, на левата копачка е името на неговиот син Филипо, а на десната се на керкичките Ана и Софија.