Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и Талат Џафери сакаат дебатата за уставните амандмани да помине далеку од очите на јавноста
1 мин читањеВласта бега од транспарентна дебата со опозицијата за најважните прашања во државата.
Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и Талат Џафери сакаат дебатата за уставните амандмани да помине далеку од очите на јавноста. Очигледно тие се плашат да дебатираат со пратениците од опозицијата за ова прашање од највисок интерес.
Поради тоа денеска дебатата од Комисијата за уставни прашања, каде се дебатира за највисокиот акт во државата и за прашање од национален и државен интерес не се пренсува во живо на собранискиот канал.
Ништо од траспарентност која што ја ветуваше оваа власт.
Парламентарното мнозинство, Зоран Заев и Талат Џафери повторно како многупати досега сакаат и уставните измени да ги протнат низ мала врата, подалеку од очите на македонската јавност.
Зоран Заев и парламентарното мнозинство очигледно се плашат да се соочат со пратениците од опозицијата пред очите на целата јавност. Ова е уште еден доказ дека се плашат од аргументите на опозицијата и прават нешто спротивно од волјата на граѓаните.
Ги прашуваме СДСМ и Талат Џафери зошто првата седница на Уставната комсија, кога се утврдуваше предлогот за пристапување за измена на Уставот на Република Македонија беше пренесувана во живо, а сега кога треба да се дебатира за предлог амандманите, седницата не се пренесува во живо.
Ова е прашање од највисок интерес за граѓаните на Република Македонија. Собранието има и законска обврска оваа дебата да ја емитува во живо на собранскиот канал.
Согласно член 32 став 1 од Законот за Собранието на Република Македонија Собранието има програмска одговорност за емитување на програмскиот сервис наменет за емитување на активностите на собранието.
Затоа ние пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ бараме и инсистраме седницата на Комисијата за уставни прашања да се пренесува во живо на собранискиот канал.