ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Република > „Партизанска“ и утре затворена- еве од каде ќе се пренасочуваат возилата и автобусите

„Партизанска“ и утре затворена- еве од каде ќе се пренасочуваат возилата и автобусите

1 мин читање

Поради извршување градежни работи во рамки на реконструкцијата на булеварот Партизански одреди во Влае, како и асфалтирање прекоп извршен од БЕГ кај Порта Влае, викендов има привремен сообраќаен режим.

Денеска од 8 часот, е затворен бул. Партизански одреди на потег од крстосницата со ул. Никола Парапунов до мостот Влајко, во правец од Центар кон Ѓорче Петров. Сите возила и автобуси кои гравитираат од Центар кон Ѓорче Петров, се пренасочуваат по улиците Московска и Васил Чакаларов или по улиците Скупи и Ацо Шопов.

Утре пак, ќе биде целосно затворен за сообраќај бул. Партизански одреди во насока од Ѓорче Петров кон Центар. Сите возила и автобуси на ЈСП кои ќе се движат од Ѓорче Петров кон Центар, ќе се пренасочат по улиците Васил Чакаларов и Ацо Шопов.

-Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, велат од Град Скопје.