ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Регион > Партнерката на српската премиерка роди син

Партнерката на српската премиерка роди син

1 мин читање

Партнерката на српската премиерка Ана Брнабиќ, Милица Ѓурѓиќ, роди син во средата, објави српски Блиц.

Во кабинетот на премиерката потврдиja дека партнерката на Брнабиќ роди син и велат дека породувањето поминало во најдобар ред.

Како што дознава Блиц, момчето ќе се вика Игор.

Мајката и детето се добри.

Брнабиќ стана прва српска премиерка со хомосексуална ориентација во 2017 година, изненадувачки чекор за една балканска земја, каде геј луѓето често се изложени на потсмев и насилство, па дури и напади, коментираат светските медиуми.

Брнабиќ и Ѓурѓиќ често може да се видат заедно на изложби и концерти.