ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Спорт > Парче од „мастика“ на Фергусон продадено на аукција за 455.000 евра

Парче од „мастика“ на Фергусон продадено на аукција за 455.000 евра

Парче од гума за џвакање од легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, од својот последен натпревар на Олд Трафорд против Вест Бромвич Албион (5: 5) во 2013 година, беше продадено на аукција за 455.000 евра.

Неименуваниот навивач купи дел од гума за џвакање што го фрлил Фергусон за време на натпреварот, го стави на онлајн аукција и го продаде за голем паричен износ.

Навивачот одлучи да ги донира сите пари за хуманитарни цели односно ги уплати на сметка на Фондацијата на Манчестер Јунајтед.