ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Периодов е -50°C: Животот во декември во Ојмјакон, најстуденото место на светот

1 мин читање

Дури и најмалите дечиња во ова сибирско село одат на училиште најнормално сѐ додека температурата не падне под -52°C.

periodov-e-50-c-zhivotot-vo-dekemvri-vo-ojmjakon-najstudenoto-mesto-na-svetot-foto-video-01.jpg

Во најстуденото место на светот Ојмјакон, зафрлено сибирско село, периодов има температури од околу -50°C. Температура која е нормално за месец декември во ова село.

Според локалните жители најниска измерена температура во Ојмјакон е во 1933 година, кога биле измерени минус 67.7 Целзиусови степени.

Инаку, периодов иако температурата е -50°C децата нормално си одат на училиште. Само за децата на возраст од 7 до 12 години се откажуваат часовите кога температурата ќе падне под -52°C.

Во селото живеат околу 500 луѓе и ова е најстуденото населено место на светот заедно со градот Јакутск.