ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Петар Грашо не остана рамнодушен на овој македонски бенд, а на сцената се качија и Ламбе, Лозано и Врчак (видео)

1 мин читање

Балканската ѕвезда, Петар Грашо пред неколку дена беше ангажиран да пее на приватна прослава кај еден наш познат бизнисмен, а слободното време го искористи да ужива во преубавиот Охрид и да се дружи со своите пријатели од Македонија.

Информациите кои ги имаме велат дека пејачот бил воодушевен од музичкиот состав „Фидбек Бенд“ кој го прател при неговиот настап и изразил желба за понатамошна соработка. Станува збор за музички состав кој е активен на домашната сцена повеќе од 14 години и можат да се пофалат со голем број настани, како свадбени и семејни прослави, настапи низ дискотеките ширум нашата земја, гостувања кај македонските иселеници низ европските земји, како и предгрупа на концертите на Дино Мерлин, Здравко Чолиќ, Аца Лукас, Тони Цетински и многу други.

На социјалните мрежи се вртат повеќе фотографии и видео клипови на кои се гледа дека покрај големата балканска ѕвезда Петар Грашо, на сцената се качиле и нашите музички ѕвезди Ламбе Алабаковски, Влатко Лозаноски и Врчак.

„Фидбек Бенд“ го сочинуваат 5 музичари во комплетен вокално-инструментален состав и тоа: Јане Славов (вокал), Игор Гудески (тапани), Томислав Димовски (соло гитара), Димитар Стојковски (клавијатура) и Стефан Петрушев (бас гитара).

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0