ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Петревски: Владата со прогресивното оданочување ги казнува луѓето кои остваруваат доход од труд а не од капитал

1 мин читање

Владата го изгласа законот за прогресивното оданочување кој ќе стапи на сила од 1 Јануари 2019 година. И покрај сите забелешки на експерти и на бизнис секторот сепак реформата ќе се применува.

Имено, универзитетскиот професор Горан Петревски  смета дека прогресивното оданочување ги казнува луѓето кои со труд оствариле достојна или повисока плата додека не се даночи капиталот односно вистински богатите.

-Не, вака удирате по луѓе како мене, професори, хирурзи некој што работи во Ремедика не знам ваму таму, ајти секторот, млади деца е таман е тие нели заработуваат по 1500-2000 евра. Па нив треба тие пример да ни се, да ги стимулираме, не да ги казниме нив, а со ова ги казнуваме нив. Зборот ми е ги казнуваме луѓето кои остваруваат доход од труд, не од капитал. И министеров кажа дека екстра богативе и овие што се навистина богати најголем дел од доходот не го остваруваат од трудот, таман работа, тие имаат фирми, од дивиденди. Сега гледајте тука пак правичноста која ја браниме, дивидендите со 15% ги оданочувате. Јас, работник 18, повеќе мавате по мене, овој што има фабрика цела, што зема милиони евра не му викате не ти во името на правичноста и социјалната правда ти помалу ќе платиш данок 15% на дивидендата, нема правичност, вели Петрески.

Исто така голем дел и од стопанските комори беа против ваквата реформа која сметаат дека ќе се одрази лошо на македонската економија и дека ќе предизвика додатна даночна евазија. Петревски исто така потенцира дека ваквото законско решение нема да има некој голем ефект бидејќи за да има во земјата треба оние кои земаат поголем личен доход да бидат застапени во поголема бројка или процент.

Над 90 илјади денари плата во Македонија земаат само 1 % од населението и со ова државата само ќе има прилив од 25 милини евра што е минорна сума за да се прави ваква реформа. Професорот смета дека законот ќе има само негативни ефекти и дека не е суштински.

Петревски исто така истакна дека прогресивното оданочување не е во корелација со еднаквоста и дека во Македонија во време кога профункционира рамниот данок Џини коефициентот како мерка за нееднаквоста  од 43 воо 2007 година се намалил  на 33 до 2016 година   што значи рамниот данок не спречил да се намали нееднаквоста додека земји како Аргентина, Мексико и Бразил кои имаат прогресивно оданочување Џини коефициентот на нееднаквоста  е поголем.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0