ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести од светот > Пет тинејџерки загинаа во пожар во „Ескејп рум“ во Полска

Пет тинејџерки загинаа во пожар во „Ескејп рум“ во Полска

1 мин читање

Пет тинејџерки загинаа, а едно момче е повредено во пожар кој избувнал во таканаречена „Ескејп рум“ (Escape room) во северна Полска.

Девојчињата имале 15 години, соопшти министерот за внатрешни работи Јоахим Брудињски.

Во играта „Ескејп рум“, учесниците се затворени во една просторија, а за да излезат од неа мораат да решат повеќе загатки.

Портпаролката на полицијата во полскиот град Кошалин информира дека телата на девојчињата биле пронајдени откако пожарникарите го изгаснале пожарот, кој избувнал околу 17 часот по локално време.

Момчето, кое имало 25 години, биле префрлено во болница со изгореници и не можел веднаш да биде испрашан.

Според полицијата, девојчињата во „Ескејп рум“ најверојатно славеле роденден на една од нив.