ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести од светот > Повредени 11 лица со нож во Кина

Повредени 11 лица со нож во Кина

Најмалку 11 луѓе се повредени утрово во јужниот дел на Кина кога едно лице наводно со психички нарушено здравје ги нападнало со нож, соопшти полицијата.

Ниту еден од повредените не се наоѓа во животна опасност.

Полицијата во градот Џијан објави на интернет дека полицајци и минувачи веднаш го совладале напаѓачот. Тој е идентификуван како Гуо Каибинг (33), чие семејство тврди дека има психички проблеми.