ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Повторно паднал „Блок 3“ во РЕК Битола: Штета од преку 200.000 евра

1 мин читање

Повторно се случи дефект во РЕК Битола, паднал блок за производство на струха во електраната – дознава „Економски Лидер“ од извор во компанијата, пишува порталот лидер.

Како што тврди нашиот извор, синоќа нешто по полноќ паднал „БЛОК 3“ поради невнимание на ангажираните.

-Се работи за невнимание и неодговорност на поставените при надгледување на параметрите и показателите при функционирањето на блокот. Се трудат уште денес да го стават во функција, но, се јавува некаков проблем во вентилската поставка и ќе видиме кога ќе успеат да го стартуваат. – вели изворто за лидер, кој сака да остане анонимен.

Ова е само еден од неколкуте случаи со испаднат блок годинава, кој се случува, а од компанијата не ја информираат јавноста.

Инаку, штетата предизвикана од едно испаѓање од употреба на блок во РЕК Битола, експертите ја проценуваат на преку 200.000 евра. Со тоа што, како што тврдат, секој ден неработење на блокот кој е во дефект, ја чини државата по уште толку.

Извор: lider.com.mk

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0