Полициска „Шкода“ се судрила со „Поло“, возачот завршил во болница
1 мин читањеВчера поплане во Куманово, на крстосницата од улица „11-ти Октомври“ и „Димитрие Туцовиќ“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шкода јети“, сопственост на МВР, а управувано од А.А. (38) од Куманово и патничко моторно возило „Фолксваген поло“, управувано од Л.Б. (46) од Куманово, при што Л.Б. се здобил со повреди и му била укажана лекарска помош во Општата болница Куманово.
Извршен е увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.
Ве молиме пратете не и стиснете лајк: