Полицијата запре 272 возачи во Битола: За какви прекршоци имаше казни?
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 07 мај извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас.
Притоа, контролирани се 272 возачи, од кои четири возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле четири возила, а два возачи не користеле сигурносен појас.
Брзината ја надминале девет од исконтролираните возила.
Ве молиме пратете не и стиснете лајк: