Полицијата уапсила 14-годишно девојче- откако ја претресле веднаш ѝ ставиле лисици на рацете
1 мин читањеСлужбениците на беранската и рожајската полиција го уапсиле 51-годишниот Ж.Р. и 14-годишната Е.Р. од Ро=жај поради сомнение дека се занимавале со улична продажба на дрога хероин, соопшптила црногорската Управа на полицијата.
Во соопштението на полицијата стои дека „при претрес на малолетната Е.Р. полициските службеници пронашле и одземале 14 пакувања со прашкаста содржина за која се сомневаат дека е опојна дрога хероин“.
Се наведува дека „при претресот на домот пронајдено е уште едно пакување со содржина од истата материја и 2.0000 евра за кои се сомневаат дека се стекнати со продажба на дрога3.
Јавниот обвинител рекол дека Ж.Р. и Е.Р. се лишени од слобода и дека треба да му се донесат со кривична пријава поради сомнение дека извршиле кривично дело неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги.