Помина четвртина век од смртта на непрежалениот херој Аритон Сена; се започна кога тој имаше 4 години
1 мин читањеНа први мај се одбележува 25 годишнина од смртта на еден од најдобрите возачи на Формула 1 во историјата, бразилецот Аритон Сена, кој го изгуби својот живот на 1ви Мај 1994, година возејки ги првите круговите за загревање, за големата награда на Сан Марино на италијанската Имола. Сена и денес по 25 години од неговата трагична смрт, многумина го сметаат за најголем возач на сите времиња.
Легендарниот бразилски возач кој со само 4 години се заљубил во автомобилите, кога неговиот татко му поклонил Го-Карт автомобил, загина на патеката во Имоли откако неговиот плаво-бел болид на Вилијамс со брзина од 319 км на час во кривината Тамбурело се заби во оградата.
Тој Мај плачеше цел свет. Формула 1 тој ден остана без еден од најдобрите возачи на сите времиња, а светот без голем човек. И по 25 години од неговата смрт неговата фамилија и неговите пријатели и понатаму чуствуваат голема празнина и болка.
Аритон Сена е роден на 21 Март во 1960 година во градот Сао Паоло во Бразил, во работничко и имотна фамилија. Таткото Милтон да Силва бил земјопоседник кој и покрај тоа имал и мала фабрика за автоделови. Интересно е тоа што таткото го одвел малиот Аритон на патеката Интерлагос за да го испроба својот Го-Карт и тоа беше љубов на прв поглед. Набрзо потоа поцнал да се пријавува на локални натпревари, акога имал 13 години, потполно го занемарил училиштето и почнал службено да се занимава со трките.
Многу е битно да се напомене дека во 1981 година, Аритон одлучил да се пресели во Велика Британија каде што меѓу другото се натпреварувал во Британската формула Форд 1600, во која набрзо стана првак. Кога неговиот приватен живот е во прашање тогашниот 21 годишен Аритон одлучил да ја запроси девојката Лилијан да Суза, со која бил во врска од школските денови но бракот не потраал повеќе од година дена. Набрзо после тоа успеал да настапува во Формула 1, а останатото е историја….
Трагичен Ф1 викенд
Тој викенд во Мај 1994, бил секако еден од најцрните и најтрагичните во историјата на Формула 1. Се започнало уште во Петокот, кога бразилецот Рубенс Баричело со брзина поголема од 200 км на час се забил во оградата и чудесно преживеал. Сена истрчал од својот болид и заминал во медицинскиот центар за да провери што се случило со неговиот пријател, и кога видел дека Баричело е жив и здрав се вратил на патеката.
Нажалост ден покасно 33 годишниот возач на Симтек Роланд Ратзенберг доживеал трагична несреќа во текот на кфалификациите. Австриецот ја изгубил контролата над болидот при брзина од 314 километри на час удирајќи во бетонски зид на кривината Вилнев. Ратзенберг му подлегнал на тешките повреди на главата и станувајќи прва жртва на трките на Ф1 после 23 годишниот италијанец Рикард Палетија кој загина во Монтреал во Јуни 1982 та година.
Аритон Сена
Роден: 21 Март 1960 во Сао Паоло
Умрел: 1 Мај 1994
Број на настапи на Ф1 трки: 161
Број на наслови светски првак: 3 (1988..1991..1991..)
Број на победи во кариерата: 41
Број на победнички постоља: 81
Стартна позиција: 61
Бодови во кариера: 610
Најбрзи кругови: 19
Прва трка: Голема награда на Барзил 1984
Прва победа: Голема награда на Португалија 1985
Последна победа: Голема награда на Австралија 1993
Последна трка: Голема награда на Сан Марино 1994
Момчиња:
Толеман Груп Мотоспорт: 1984
Лотус: (1985-1987)
Мекларен: (1988-1993) Вилиамс-Рено: (1994)