Поради мувла одложено лансирањето на ракетата на „Спејс Икс“
1 мин читањеАмериканската Национална аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) за утре го одложи лансирањето на вселенската сонда „Драгон“, која треба да однесе контејнер со намирници за екипажот на Меѓународната вселенска станица.
Како што соопшти НАСА, лансирањето е одложено затоа што на некои од намирниците била откриена мувла.
– На тимовите им е потребен дополнителен ден за замена на намирниците, се вели во соопштението на НАСА.
Лансирањето на сондата „Дагон“ со ракетата „Фалкон 9“ на компанијата „Спејс Икс“ од космодромот Кејп Канаверал на Флорида беше закажано за денеска во 19:38 часот по средноевропско време.
Сондата „Драгон“, која треба да пренесе храна, резервни делови и опрема за научни истражувања, утре треба да го има својот 16-ти лет до Меѓународната вселенска станица.
МИА