ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Поранешен израелски шеф за вселенска безбедност тврди дека вонземјани постојат, и дека Трамп знае за нив

Поранешниот израелски шеф за вселенска безбедност, Хаим Ешед (87), тврди дека вонземјани постојат и дека се претставниците на „галактичка федерација“, како што тој ја нарекува, дури веќе стапиле во контакт со човештвото.

„Неидентификувани летачки објекти побараа од нас да не објавуваме дека се таму, човештвото сè уште не е подготвено“, рече Ешед во интервју за весникот „Једиот Ахаронот“.

„Постои договор меѓу американската влада и вонземјаните. Тие потпишаа договор со нас да правиме експерименти тука”, тврди овој професор и генерал во пензија. Ешед исто така тврди дека има подземни бази на Марс во кои соработуваат претставници на вонземјани и американски астронаути.

Тој исто така вели дека Доналд Трамп знае за постоењето на вонземски живот и дека неодамна ги открил овие информации, но дека успеале да му го одвлечат вниманието за да не се создаде масовна хистерија.

Извор: Макфакс

fb-share-icon0
error

Ви се допаѓа натписов? Ве молиме препорачајте не на вашите пријатели :)