ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести од светот > Порошенко: Ја зајакнавме безбедноста на клучните локации

Порошенко: Ја зајакнавме безбедноста на клучните локации

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави синоќа дека неговата земја ја зголемила безбедноста на клучните инфраструктурни локации, како што се нуклеарните централи и пристаништата во Црното Море, поради, како што наведе „руското тестирање на светскиот поредок“.

Тој повторно ја обвини Русија за акомулирањето на големи воени сили во источниот дел на Украина и на Крим.

– Русија распореди копнени сили со околу 80.000 руски војници, околу 1.400 артилериски и ракетни системи, 900 тенкови, 2.300 оклопни возила, околу 500 авиони и 300 хеликоптери, наведе Порошенко на неговиот твитер налог.

Додаде дека Украина ја зајакнала безбедноста на клучните инфраструктурни локации, како што се нуклеарните централи и хидроелектрани, хемиските фабрики и пристаништата во Црното Море и Азовското Море.