ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > После нив никој веќе нема да смее го види: Синот и ќерката на Шабан по два дена забрана го идентификуваа телото на пејачот

После нив никој веќе нема да смее го види: Синот и ќерката на Шабан по два дена забрана го идентификуваа телото на пејачот

1 мин читање

Синот Михајло и ќерката Санела Шаулиќ го идентификуваа телото на пејачот вчера попладне околу 15 часот, потврди за српските медиуми пријател близок до семејството.

-Вистина е, го видоа и идентификуваа… Тие двајца се опростија од него во име на целото семејство. Веќе никој нема да го види, вели изворот.

Санела и Михајло поради строгите германски закони успеаја конечно да го видат телото на нивниот починат татко.

Обдукцијата е закажана за утре 21 февруари и истата ќе биде направена во Германија.

Семејството има резервирано и три термини за погребот на пејачот, петок, сабота и понеделник, но се поизвесно е дека погребот ќе се случи во понеделник.

Шабан ќе биде погребан во алејата на заслужните граѓани на Србија, откако претходно одобри градското собрание.