ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести од светот > Почина морнарот од една од најславните фотографии на светот од 1945 година

Почина морнарот од една од најславните фотографии на светот од 1945 година

1 мин читање

Славниот американски морнар Џорџ Мендонса почина викендов, на два дена пред неговиот 96 роденден. Инаку, тој е она момче сликано 1945 година, додека бакнува девојка на њујоршкиот плоштад Тајмс сквер, славејќи го завршувањето на Втората светска војна.

Неговата ќерка денеска соопшти дека Мендонса починал во неделата од срцев удар.

Мендонс е роден на денешен ден, 19 февруари 1923 година. На безвременската фотографија од 1945., тој ја бакнува Грета Цимер Фридман, стоматолошка помошничка во болничка униформа. Тие тогаш, всушност и биле во врска, ама тоа се дозна години подоцна.

Три години по фотографирањето, во 1948. Мендонса се оженил за друга девојка – Рита Петри.

Сликата на фотографот Алфред Ајзенштет, од 14 август 1945., ден по капитулацијата на Јапонија, е една од најпрепознатливите фотографии на 20. век.

Грета Фридман почина 2016 година, на 93-годишна возраст.