ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Славни > Почина хрватскиот актер Иво Грегуревиќ

Почина хрватскиот актер Иво Грегуревиќ

1 мин читање

Хрватскиот актер Иво Грегуревиќ, најпознат по главната улога во филмот „Чаруга“, почина на 67-годишна возраст, јави ХРТ.

Грегуревиќ е роден во 1952 година, а после завршувањето на средното училиште се запишал на Академијата за драмски уметност во Загреб. На филм дебитирал во 1977 година.

Глумел во филмовите „Не се наведнувај надвор“, „Невреме“, „Осудени“, „Кралска завршница“ (1987), како и во серијата „Вело мисто“.