По Косовците, Македонците најбројни посетители на Албанија
1 мин читањеВо периодот јануари-ноември годинава, Албанија ја посетиле 16,2 отсто повеќе странци, споредено со истот период минатата година, при што и понатаму најбројни се косовските и македонските граѓани.
Според државниот Институт за статистика во извештајниот период во Албанија престојувале 5.646.104 странци.
Од вкупната бројка дури 640.104 лица се македонски граѓани, што е за 5,9 отсто повеќе споредено со лани. Само во ноември во Албанија престојувале 37.273 македонски граѓани или 5,1 отсто повеќе споредено со истиот месец лани.
Пред Македонците, се Косовците чиј број за единаесет месеци е 2.013.887 лица или за 19 проценти повеќе споредено со истиот период лани. Споредените бројки за месец ноември белажат намалување на косовските турсти за 26,6 отсто. Овој ноември престојувале 68.902 додека во ноември лани во Албанија престојвале 93.819 Косовци.
Статистиката потврдува дека во единаесетте месеци од годинава најголем раст е забележан кај туристите од Полска чиј број е поголем за 34,5 отсто. Споредено со лани помал број туристи за 1,9 односно 6,7 проценти пристигнале од Велика Британија,односно Црна Гора.
Централна банка на Албанија деновиве информираше дека албанската економија во периодот јануари-септември годинава остварила околу 1,5 милијарди евра бруто приход од туризмот.