ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Славни > По скандалот со голите фотографии се огласи и мајката на фудбалерот: Удри по Карлеуша, но и по нејзиниот син- еве што му порача!

По скандалот со голите фотографии се огласи и мајката на фудбалерот: Удри по Карлеуша, но и по нејзиниот син- еве што му порача!

1 мин читање

Мајката на босанскиот фудбалер Огнен Врањеш се огласи по скандалот на нејзиниот син и Јелена Карлеуша.

Имено по голите фотографии кои ги објавија двајцата меѓусебно, пејачката се обрати преку отворено писмо, дури го замоли и претседателот Александар Вучиќ да и помогне, а сега на ред е и мајката на фудбалерот.

-Не ми е пријатно воопшто не сакам да коментирам дали е точно или не. Дали мојот син уби некого? Да ви кажам, ако тоа е вистина, таа жена ако е најпопуларна требало да се грижи за нејзините постапки. Дали јас треба да водам сметка за нечии постапки и размислувања, не разбирам? И мојот сосед преку улица истото тоа го прави. Дали тој е принцот Чарлс, Јелена или некој друг, не ме интересира, вели мајката на фудбалерот.

Таа додава дека тоа што го говори со синот е интимна работа и не сака нејзиното име и нејзиниот син да е насекаде низ медиумите.

-За сите свои постапки мораме да одговараме, па така и Јелена Карлеуша, Огнен Врањеш и сите останати, рече мајката на фудбалерот.