Правосудниот систем работи по системот Заев – живи луѓе ќе јадеме
1 мин читањеВо Република Македонија не постои судство ниту правен систем, постои Кацарска џубокс за исполнување на нарачаните желби и пресуди на единствениот во Европа криминоген, однароден, аболициран, помилуван, премиер Зоран Заев за организирање на политички прогон.
За македонскиот судски систем, повеќе не важи максимата „Правдата е слепа“, туку во македонските судници под симболот на тасот, слободно се чита „Апсениот Заев рече живи луѓе ќе јадеме“. Нема аргументи, нема факти, нема докази – има само нарачка, диктат на властодржецот и желба на Кацарска судството за што подлабоко задоволување.
Во налетот на осветољубивоста и желба за изедначување, залудни се обидите на ова џубокс, Кацарска судство и СДССМ, било кого од ВМРО-ДПМНЕ, од поранешното и актуелното раководство, да го изедначат во очите на јавноста со криминогениот Заев и однародената влада.
Зоран Заев, не го признаваше судството за случајот „Глобал“. Зоран Заев не го признаваше судството за случајот „Пуч“. Зоран Заев не го признаваше судството за „Поткуп“ – фино аудио видео документиран, со судски налог. Сега, Заев, со сиот криминоген габарит стана главен реформатор на судството, ослободен, помилуван, аболициран – вели не се мешал во судството! Апсурд!
Документите, обвинителниот акт за Почесниот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија, Никола Груевски – вели ниту има штета, ниту има материјална корист. Има само набавено возило за потребите на Република Македонија чиј што безбедносен сертификат ги задоволува барањата за странските гости, ама и за владиниот кабинет. Па нели ќе го продаваа, за да спасуваат болни деца? Нели го изложуваа таков гребен, гнасен, никаков?
Партизираното судство во пупката на Заев, не може да мине необележан за овој период и за пресудите и однесувањата во нарачаните партиски чистки. Партиското судство се стави во улога на џелат, во улога на страшило за секој оној кој мисли поинаку од извршната власт. Наместо правда и судство во заштита на правата на граѓаните, Република Македонија доживеа џелат и апо за слободоумните и правдољубивите!
Но што и да направи што и да помисли нарачателот, што и да измисли Кацарска судството, еден факт ќе остане непроменет – ВМРО-ДПМНЕ не учествува во обезличувањето на македонскиот народ, на бришењето на македонската историја, на одземањето на името Македонија од Македонците и предавањето на соседите. А тоа е главната цел, тоа е главната болка.
Почитувани, употребната вредност на овој криминоген и однароден нарачател, диктирач на судски пресуди брзо ќе мине. За тоа какви ли пресуди ќе носат потоа за сите криминогени дејанија на оваа актуелна власт, во голем процент ќе зависи од нивните постапки денеска. Но секако, Ќе остане срамот на судската фела, на судството и правниот систем во целина, запаметен како период на коалиција „Кацарска судство и Заев нарачателот“ за организиран политички прогон против опозицијата.