„Прашина” нова песна и спот на Сашко Костов
1 мин читањеСпотот за најновиот сингл на Сашко Костов, „Прашина“, е воедно и најава за неговиот следен албум насловен „Крик и прашина“.
Сашко Костов e автор на музиката и аранжманот, а текстот е на Ана Стојаноска. Спотот пак е во режија на Крсте Шупев, а улогите ги играат актерите Талија Настова и Фаик Мефаилоски.
Во тек е подготовка за концертна промоција на албумот со нов бенд, а Костов најавува дека тоа нема да биде само обичен концерт.
Инаку, ова е 6-то издание на Сашко, кој досега бил дел од повеќе македонски бендови, како: Мугер Фугер, Ласт Експедишн, Чиста Околина и други. Меѓу другото, тој создава и театарска музика, а оваа година работеше на претстава во Јужна Кореја, со режисерот Jeung Woo Son.