Претседателот бара цела земја да се откаже од верата: „Наместо во црква, молете се дома“
1 мин читањеВо вербална војна која ја води со Католичката црква, филипинскиот претседател Родриго Дутерте сака граѓаните да се одречат од верата, велејќи дека црковните учења се неразумни, а свештениците корумпирани.
-Изградете капела во своите куќи, па таму молете се. Не мора да одите во црква и да им плаќате на овие идиоти, изјавил Детерте, а неговиот говор е пренесен од „ABS-CBN“.
Дутерте е познат по нападите на Бог.
-Што знаат тие за светот денес. Како луѓето пред 3.000 години можеа да предвидат што денес ќе се случува, прашува во својот говор одржан во неделата тој.
Филипинскиот претседател и летово предизвика низа констроверзии, кога го нарече Бог со погрдни имиња, а истакна и дека ќе поднесе оставка ако некој му докаже дека Бог постои.