ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со партиска делегација на Конгресот на ЕПП во Хелсинки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со партиска делегација на Конгресот на ЕПП во Хелсинки

1 мин читање

Соопштение до јавноста

Делегација од ВМРО-ДПМНЕ денеска патува за Хелсинки каде што на 6, 7 и 8 ноември 2018 година, ќе учествува на Конгресот на Европската Народна Партија (EPP) на кој се бира кандидат за претседател на ЕК.

Делегацијата на ВМРО ДПМНЕ на престојниот Конгрес ќе учествува со 4 делегати со право на глас, предводена од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Потпретседателот Александар Николоски, Секретарот за меѓународна политка Влатко Ѓорчев и советникот за меѓународна политика на Претседателот,Тимчо Муцунски. Делегацијата ќе учествува и на Политичкото Собрание на ЕНП.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе учествува и на Самитот на лидери на EPP на кој учествуваат премиери и шефови на опозиција од членките на ЕРР и на кој ќе оствари неколку работни средби и состаноци со негови колеги.

Делегацијата на ВМРО ДПМНЕ ќе ги информира своите партнери од ЕНП за актуелната економско-политичка ситуација во Македонија и драстичното назадување на сите полиња, вклучувајќи го и реформскиот процес. Акцентот ќе биде ставен на злоупотребата на институциите за политички прогон преку кој се врши притисок врз сите кои мислат поинаку од однародената и криминална власт се заради покривање на корупцијата и неспособноста кои Македонија се повеќе ја оддалечуваат од европските стандарди.