ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Магазин > Пристигна новиот смартфон Redmi 7

Пристигна новиот смартфон Redmi 7

1 мин читање

Благодарејќи на протекувањата на информациите веќе некое време знаеме одредени детали за смартфонот Redmi 7, а подбрендот на Xiaomi конечно официјално го претстави.

Redmi 7 користи Snapdragon процесор 632, има од 2 до 4 GB РАМ, од 16 до 64 GB интерна меморија, батерија од 4.000 mAh и 6,26 инчен HD со екран заштитен со Gorilla Glass 5 стакло. Xiaomi примени и заштита од вода која ги произведува компанијата P2i така што нема да има проблеми во случај на дожд, полевање на уредот со вода и слично.

Смартфонот има две задни камери, главна со 12 мегапиксели и сензор од 2 мегапиксели за длабочина. Корисниците ќе користат селфи предна камера од 8 мегапиксели која се наоѓа во забот на екранот во облик на капка. Оваа камера исто така се користи и за отклучување на уредот за препознавање на лицето.

Исто така, уредот добил 3,5 милиметри порт за слушалки, IR технологија и сензор за отисок на прстот поставен на задната страна. Подбрендот на Xiaomi доаѓа со гаранција од 18 месеци, барем во Кина.