ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Притисоците и заканите од страна на СДСМ излегоа на виделина

1 мин читање

Обични луѓе од МНР учествувале на протестни маршови на „Заедничка Македонија“, не влегле физички во Собранието и заради учеството во тие настани помасовни и мирни до моментот на таа ескалација на 27-ми се избркани со отказно решение од работа. И сега ние збориме за помирување на ТВ, а тие кои што се повикуваат на обичните луѓе кои што не можат да си одат на гости, на слава, на именден на што и да е, се избркани од работа. И што ќе биде сега на крајот сега ќе се донесе ваков закон, овој закон ќе ги сруши во вода тие политички реваншизми кои што се правеле врз основа на овој настан и тие луѓе не само што ќе бидат вратени на работа ќе им биде платено и обештетување, појасни Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при гостување на дебатна емисија на МРТ1.

Милошоски наведе уште еден пример на реваншизам на власта и тоа за Цане од Кичево и Игор од Неготино. Двајцата се вработени во државни агенции во своите места на живеења во општините. Заради обавување на постови, изразување на политички став по работно време дека ќе го бојкотираат референдумот, по истиот на Игор од Неготино му е дадено решение да работи во Прилеп и да се враќа секој ден во релација Неготино – Прилеп – Неготино. А, Цане е прераспределен да оди секој ден на работно место кое му одалечено 40 км. И тоа усно кажано дека тоа ќе го имаат како „заслуга“ затоа што имале став спротивен од директорите.

Костадинов посочи сите обесправени да покренат постапка ако има било каде таков пример, слободно тие вработени нека покренат постапка и во постапка да докажат дека биле избркани заради идеолошки разлики со владејачката партија.

-Да го земеме примерот со членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, после работно време држи прес конференции за лошите политики во земјоделието врз основа на податоци бидејќи е стручен во тој дел. И Цветан Трипуновски добива отказно решение заради спротивен став, потенцира Милошоски.

По овој пример Костадинов не знаеше што да одговори, бидејќи на виделина излегоа сите притисоци кои ги врши власта врз неистомеслениците.

https://youtu.be/It2eUSDLDbk
Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0