ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Промоција на албум и спот на Теа Трајковска

1 мин читање

Во присуство на голем број пријатели, колеги, соработници и новинари, пејачката Теа Трајковска вчера го промовираше својот прв албум насловен како „Која сум јас“.

Покрај албумот, Теа го промовираше и нејзиниот најнов видеоспот за една од темите на албумот  – „Кога најдобро те познавам“.

Деби-албумот на Теа е дело на познатиот хит-мејкер Лазар Цветковски и неговата сестра, Магдалена Цветковска, а на дел од песните како текстописец се потпишува токму и Трајковска.

-Тие што ме знаат, знаат колку сакав да го затворам ова поглавје и колку работевме соЛазе за да стигнеме до тука. Пресреќна сум што албумот конечно излезе, мислам дека секоја песна си зборува доволно сама за себе и сакам да се заблагодарам на сите што беа со мене до денес и да им ветам многу нова музика од денес. За самото видео верувам дека ја доловивме емоцијата што ја носи песната, која патем е една од моите омилените на албумот – изјави Теа.

Инаку спотот е дело на Бане Поповиќ и „Томато-продукција“, а во него покрај Теа, улога има и младиот актер Дени Ајдаревиќ и танчерката Бојана Додевска.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0