ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Промоција на „Делфинот“ од Александар Прокопиев

1 мин читање

Најновата збирка раскази на Александар Прокопиев, „Делфинот“ вечер ќе биде промовирана во НУБ „Св. Климент Охридски“.

Книгата ќе ја промовира Наташа Аврамовска, а фрагменти од книгата ќе читаат авторот и Ѓоко Здравески, кој е рецензент на збирката.

– Леснотијата – која му прилега на еден од македонските мајстори на прозата (мајстор и по талентот и по занаетското искуство што го има зад себе) – со која се исткаени расказите, просто го вшмукува читателот, го возбудува до степен што тој, така маѓепсан од неговата мајсторија, станува дел од нив… Читањето на оваа книга е како водење љубов, постојано во некаква лебдеечка меѓусостојба, ниваму-нитаму, ни сон ни јаве, пишува Здравески.

Досега одделни раскази од „Делфинот“ се преведени и објавени на чешки, унгарски, словенечки, српски и хрватски јазик, а книгата е во процес на преведување кај српскиот издавач „Геопоетика“ и словенечкиот „Апокалипса“.

МИА

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0