ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Ракомет > ПСЖ подобар од Нант на Лазаров во француската пресметка во Лигата на шампионите

ПСЖ подобар од Нант на Лазаров во француската пресметка во Лигата на шампионите

1 мин читање

Француското дерби во рамките на 11. коло на Лигата на шампионите му припадна на ПСЖ, кој славеше во Нант со 31:35 и го задржа лидерското место во групата.

Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров постигна шест голови и заедно со Ривера беа најефикасни во поразената екипа.

Кај ПСЖ одличен натпревар одиграа Абало со седум и Хансен и Тофт Хансен со по шест гола.

По 11 одиграни натпревари во Б-групата, ПСЖ е лидер со 10 победи и само еден пораз, додека Нант има биланс од три победи, исто толку нерешени и пет загубени средби.