Публиката на нозе, жирито маѓепсано: Поради надарениот Македонец Филип се сменија правилата на „Ѕвездите на Гранд“
1 мин читањеФилип Пецовски е уште еден Македонец кој настапи на грандиозната сцена на „Ѕвездите на Гранд“.
Дечкото е навистина талентиран и двете песни „Адио аморе“ и „Волим осмех твој“ ги испеа одлично.
Но, тоа поради што ќе биде долго запаметен е неговиот енергичен настап со кој ја крена публиката на нозе. Завреме на целиот негов настап во студиото ечеа аплаузи и овации, а членовите на жирито кои не можеа да го видат, беа во транс.
Позитивно го оценија неговото пеење, но прашуваа што е толку посебно во ова момче, поради кое публиката буквално полуде.
Затоа, директорот на Гранд одлучи да ги промени правилата и дозволи дури и откако се отвори ѕидот, нашиот Филип уште еднаш да ја испее песната за жирито да види за што станува збор.
Меѓу Јелена Карлеуша, Марија Шерифовиќ и Ана Бекута кои сакаа да му бидат менторки, тој направи интересен избор.