ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Разводот помеѓу Рено и Ред Бул е при крај

Претседателот на Управниот одбор на Рено, Карлос Госн го изјави можеби најконкретниот доказ дека неговата компанија е подготвена да го прифати раскинувањето на договорот со Ред Бул за наредната година.

По месеци на тензија помеѓу Рено и Ред Бул околу пеформансите оваа година, постојано изгледаше дека и двете компании се движат во иста насока, развод. Но, додека сите очекуваа тоа да се случи во 2017 година откако сегашниот договор ќе истече, во Јули се појавија вести дека Ред Бул ги известил Рено околу нивната намера да го раскинат договорот оваа година.

Сега Госн изјавува дека неговата компанија е во преговори околу условите на раскинување на договорот и додаде дека шансите партнерството да продолжи се минимални. Ова се неговите изјави во интервју за Аутокар на саемот за автомобили во Франкфурт:

АНАЛИЗИРАМЕ ШТО ДА ПРАВИМЕ. БЕВМЕ ЈАСНИ КОГА ИМ ОБЈАСНИВМЕ ДА НЕ СМЕТААТ НА НАС КАКО СНАБДУВАЧ НА МОТОРИ. ЈАСНО Е ДЕКА КОГА САМО СНАБДУВАТЕ МОТОРИ, ДОКОЛКУ ДОЈДЕ ДО ПОБЕДА, НИКОЈ НЕМА ДА ГО ИЗГОВОРИ ВАШЕТО ИМЕ И СТЕ КРИТИКУВАНИ КОГА ИМА ПРОБЛЕМИ.

Крајот на врската помеѓу Рено и Ред Бул ќе отвори врати за тимот да стане муштерија на Ферари, откако Мерцедес одби да учествува во такво нешто.

Иднината на Рено е нејасна
Госн го анализирал планот за Рено да се врати како фабрички тим во Ф1, а преговорите со превземање на Лотус се во крајна фаза. Но постојат големи пречки кои треба да се надминат, а Рено повторно се движи кон профит од комерцијалните права доколку се врати како фабрички тим.

Додека преговорите со Еклстон се во тек, Госн вели дека ситуацијата за него е малку нејасна и постои шанса Рено да се откаже од Формула 1 целосно.

НАШАТА ИДНИНА СЕ ТЕМЕЛИ НА ДЕТАЛНА АНАЛИЗА И ПРЕГОВАРАЊЕ. ИЛИ ЌЕ СЕ ОТКАЖЕМЕ ИЛИ ЌЕ ИМАМЕ СВОЈ ТИМ. СЕГА ЗА СЕГА, НЕМАМЕ ДОНЕСЕНО ЈАСНО ОДЛУКА.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0